Комисијата за заразни болести денеска ќе разговара за евентуално повторно воведување режим на границите со Србија и Косово или затворање на граничните премини со овие земји, имајќи го предвид развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството.
„Комисијата за заразни болести активно ја следи епидемиолошката состојба со коронавирусот во регионот и соседните земји и можното враќање на мерките е во насока на превенција од потенцијални ризици по здравјето на населението во Северна Македонија“, велат од Министерството за здравство.
Во Србија 359 нови случаи на коронавирус, расте бројката секаде во регионот
Според последните податоци, во Србија изминатото деноноќие се регистрирани 359 нови случаи на коронавирус, а шест лица починале. Ситуацијата во Белград е најпроблематична затоа што 82,5 проценти од сите заразени се регистрирани во главниот град на Србија.