Денеска починати 47 лица и нови 627 заразени

Министерството за здравство информираше за статистиката во последните 24 часа се направени 2.865 тестирања, а регистрирани се 627 нови случаи на Ковид19.

Од нив најмногу во Скопје – 218, а потоа следуваат Битола – 66, Куманово – 54, Прилеп – 31, Охрид – 22, Струмица – 21, Тетово – 20, Велес – 19, Штип – 18, Кавадарци – 16, Гостивар и Кичево – по 15, Кочани – 13 и Гевгелија – 12…

Починаа вкупно 47 лица.

Во Скопје дури 22 лица. Меѓу починатите најмладиот е на 44 годишна возраст, а највозрасниот на 92 години. Од починатите пациенти, три лица се починати во домашни услови, а останатите 44 лица во болнички услови, информираат од Министерството за здравство, од каде што нагласуваат дека од оваа бројка 15 лица се починати во тек на март во една приватна клиника, а истите се пријавени денеска.

Во последните 24 часа регистрирани се 765 оздравени пациенти.

Со ова вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 148.618, бројката на оздравени пациенти е 125.593, на починати е 4.556, а бројот на активни случаи изнесува 18.469.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.