Денеска прва жртва од КОРОНА ВИРУСОТ, се очекува влошување на состојбата

Ова беше втора прес конференција на Министерот и заменикот. Намерата била да се одговори на сите прашања кои денеска биле поставени од медиумите. 

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва рече дека првата жртва од коронавирусот во Македонија, 57-годишна жена од Куманово била лекувана според стандардите и процедурите. Првпат во болница, рече министерот, се јавила на 16 март со покачена температура и без други симптоми и кашлица.

-На почетокот сакам да изразам сочувство до семејството. Податоците што ги кажувам ги добив од болницата во Куманово и од службата за епидемиологија од Центарот за јавно здравје.

Кумановчанката негирала дека имала контакт со заболен или дека патувала во странство.

Затоа се поставија прашања дека таа била тестирана негативно.  На ова Филипче рече: – „Разговаравме со експертите, тестот никаде во светот не е 100% сензитивен и тоа е докажано. Што се однесува до здравствените работници, во моментов се прави епидемиолошка анкета со сите и според кажувањата ќе се постапи согласно информациите, податоците, начинот на пристапување дали тие ќе одат во изолација или евентуално ќе се направат соодветни тестирања“.

Повеќе информации и анкети можете да најдете на нашата Фејбук страница!!!

Прочитајте и ова: 

Подолу е вчерашната состојба, за споредба:

Прочитајте се за ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ПОДОЛУ:

Ве прашавме дали се сложувате со воведувањето ПОЛИЦИСКИ ЧАС. Еве го вашето мислење!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.