Денеска се празнуваат овие свети апостоли

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 ноември.
Денеска е Св. апостоли Олимп, Родион, Ераст, Кварт, Сосипатер и Терциј.
Сите беа од редот на 70-те апостоли. Олимп и Родион пострадаа во Рим, за време на Нероновото гонење, заедно со апостол Петар. Родион претходно беше епископ во Неопатра и таму многу пострада од евреите. Ераст, пак, прво беше економ на Ерусалимската црква, а подоцна епископ во Панеада, во Палестина. Кварт беше епископ во Бејрут.


Сосипатер и Терциј беа, еден по друг, епископи во Иконија. Првиот подоцна отиде на Крф, каде го проповедаше распнатиот и воскреснатиот Христос, а Терциј пострада маченички во Иконија. Последниов го запиша Посланието на свети апостол Павле до Римјаните.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.