Денеска се регистрирани 127 нови случаи на КОРОНА ВИРУСОТ, а петмина починаа
Во последните 24 часа се регистрирани 127 нови случаи на Ковид-19, починаа пет лица, оздравени се 95, а направени се 1.574 тестирања, информираат од Министерството за здравство.
Регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-43, Куманово-11, Дебар-1, Штип-4, Прилеп-8, Тетово-4, Струга-5, Велес-1, Битола-1, Охрид-4, Гостивар-10, Гевгелија-3, Струмица-5, Крива Паланка -5, Кочани-2, Пробиштип-3, Македонски Брод-1, Пехчево-3, Берово-3, Делчево-7, Кратово-1, Кичево-2.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 95 оздравени пациент од: Скопје-37, Штип-6, Тетово-5, Струга-2, Велес-4, Битола-5, Охрид-3, Кавадарци -1, Гостивар-14, Крива Паланка-4, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-3, Виница-1, Делчево-3, Свети Николе-3, Кичево-2.
Починати се пет лица, и тоа пациентка од Куманово (61), пациент од Штип (81) и двајца пациенти од Гостивар (76 и 81) и еден пациент од Прилеп (53). Сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.998, бројката на оздравени пациенти е 12.149, на починати е 614, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.235.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.