Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен претежно североисточен ветер. На југозападот ќе има услови за појава на краткотраен дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне 26 до 33 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 31 степен.
Според УХМР, во четврток и петок претежно попладне ќе има услови за краткотрајна локална нестабилност со пороен дожд и грмежи и засилен северен ветер.
До крајот на неделата утринските температури ќе бидат во интервал од осум до 18 степени, а дневните од 24 до 33 степени.