Денеска сончево и топло- од утре голем пад на температурата

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне претежно во северните делови со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер, во западните делови од западен, а вдолж Повардарието најпрво од јужен, а попладне од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени. УВиндексот ќе изнесува 8.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 34 степени.
Од утре ќе има повремено зголемување на облачноста и позначително намалување на температурата проследено со северен ветер. Локален пороен дожд и грмежи се очекуваат во петок и во сабота.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.