Денеска ќе се задржи сончево и топло со мала до умерена облачност и со појава на краткотраен локален дожд со ретки грмежи, особено на северот, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде помеѓу 8 и 14, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема попладне и со слаб до умерен југозападен ветер. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд, а температурата ќе се движи до 28 степени.
Утре и задутре ќе дува повремено засилен северен ветер, а претежно во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и повремено засилен северен ветер.
Во недела и во понеделник се очекува процесите да бидат поинтензивни, некаде во форма на невреме и со појава на град, а врнежите ќе бидат пообилни. Од петок дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.