Денеска топло и температура до 35 степени- особено подгответе се за тоа што ни доаѓа во понеделник

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне претежно во западните делови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 27 до 34 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе спушти до 17, а дневната ќе достигне 34 степени.
И во недела во попладневните часови претежно во западните делови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од понеделник ќе преовладува сончево и многу топло време со температура до 38 спетен.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.