Денеска ќе биде сончево и многу топло со температура до 34 степени – УВ индексот високи 9

Денеска ќе биде сончево и многу топло со температура до 34 степени – УВ индексот високи 9

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец. УВ-индексот ќе биде 9, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура се движеше од 11 до 18 степени, а дневната од 25 до 34 степени.

Во Скопје и околината времето денеска е сончево и топло со утринска температура до 15 степени, а дневна се предвидува да достигне и неверојатно 34 степени што не е забележано во овој период на годината.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.