Во последните 24 часа бројот на оздравени е поголем од бројот на заболени.
Нови случаи има 175, а регистрирани се 365 оздравени пациенти, објави Министерството за здравство. Најголем број оздравени вообичаено има во главниот град. Во Скопје има 288, Велес – 10, Прилеп – 7, Куманово – 7, Гостивар – 7, Штип – 7, Кочани – 4, Гевгелија – 3, Крива Паланка – 3, Виница – 3, Кратово – 3, Кичево – 3, Тетово – 2, Дебар – 2, Берово – 2, Богданци – 2, Пехчево – 2, Охрид – 1, Битола – 1, Кавадарци – 1, Ресен – 1, Радовиш – 1, Пробиштип – 1, Крушево – 1, Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 1, Неготино – 1 оздравен.