Денес ветровито и посвежо со локален дожд

Во Македонија денес времето ќе биде променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Поради југозападно струење на висина и транспорт на прашина од Сахара можно е врнежите да имаат жолта боја. Утринската температура ќе се движи од 4 до 9, а дневната од 10 до 17 степени Целзиусови.
И во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе седвижи околу 10, а дневната ќе достигне до 17 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.