Денес во Аеродром и Ново Лисиче ќе нема вода

Од утринава од 9 часот без вода ќе останат корисниците од високите зони во населбите Аеродром и Ново Лисиче. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот со вода е поради санирање дефект на водоводна цевка со пречник 400 mm на бул. “Борис Трајковски“ кај кртосница со бул. “Србија“.
Прекинот на снабдување со вода ќе трае се до санирање на дефектот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.