Денес во Берлин Заев ќе се сретне со Меркел и Макрон

Денес во Берлин премиерот Зоран Заев ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел и со францускиот претседател Емануел Макрон. Како што информираат од Кабинетот на Меркел средбата е на барање на канцеларката Меркел, а веднаш по разговорите со Заев ќе следи средба со албанскиот претседател Еди Рама.
Освен со Заев и Рама, Меркел и Макрон ќе се сретнат и со останатите лидери од Западен Балкан, Денис Звиздиќ од БиХ, Хашим Тачи од Косово, Мило Ѓукановиќ од Црна Гора и Александар Вучиќ од Србија. На средбата се поканети и премиерите на Словенија, Марјан Шарец и на Хрватска, Андреј Пленковиќ.
Иако нема да присуствува Јоханес Хан, според агендата на германската Влада на конференцијата ќе присуствува високата претставничка за безбедност и надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.