По повод ненадејната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски денес во Охрид е прогласен ден на жалост. Сите културни, спортски, забавни и други настани и манифестации се откажани. Во општинската зграда ќе се одржи комеморативна седница, а посмртните останки ќе бидат изложени од 12 до 14 часот во капелата на градските гробишта во Охрид.