Денес во посета на Скопје грчкиот министер за транспорт

Кристос Спирцис, грчкиот министер за инфраструктура и транспорт денес ќе дојде во посета на Скопје. Како што е најавено, Спирцис ќе има средба со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески по што е предвидено да дадат изјави за медиумите.
Се очекува на средбата да стане збор за патната и железничката инфраструктура на Коридорот 10, како и за можностите за нови линии во авиосообраќајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.