Денес е задушница: Ако ги заборавиме починатите, се забораваме себе си

Во врска со празникот Задушница и многуте дилеми дали треба да се носи храна на гробишта, Отец Горан Стојчевски, свештеник при МПЦ излезе со свој статус на социјалните мрежи во кој кратко и многу јасно укажува што точно треба да се носи при посета на вечните почивалишта на покојните.
-За сите верни кои останаа при својата парохија, при својот град, света обител и татковина, петок и сабота одат во храмовите каде се служи заупокоена Литургија, а и на гробовите на своите блиски упокоени за низ молитва да го преточат споменот за нив во вечност.
Ако ние не појдеме на Литургијата и на гробиштата и не ги споменеме во молитвите како би рекле преку нас за нив: вечнаја памјат. Ако ги заборавиме нив, се забораваме и себе си, а заборавот е темнина, а молитвата е светлина. Видливи работи што треба да се донесат се: пченица (варена) или леб и вино, свеќа, поменик со имиња на упокоеноте и да повикаме свештеник и заедно да произнесеме молитва за нив, а останатото Бог ќе Го исполни како што сме испросиле. Друго што ќе го понесеме (најчесто е храна) можеме да го дадеме на оние што тоа го немаат и од кое ќе имаат полза.
Вечен нека им е споменот на сите што се упокоиле со надеж за воскресение и живот вечен и Бог да ги упокои каде што сјае Неговата светлина, се наведува во статусот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.