Денес е најдепресивниот ден во годината познат како „Син понеделник“

Третиот понеделник во месец јануари познат како „Синиот понеделник“ или „најдепресивниот ден во годината“, е феномен кој што привлекува големо внимание во целиот свет.

Теоријата за „синиот понеделник“ настанала во 2005 година како маркетинг стратегија на компанијата „Скај Травел“, чија цел била да им продаде патувања на Британците. Фирмата побарала од британскиот психолог Клиф Арнал да го пресмета најдепресивниот ден во годината, со цел потоа да ги охрабри луѓето да резервираат патување во странство за да си помогнат во протерувањето на овој зимски блуз.

САД: Одделот на Илон Маск за намалување на државните трошоци бара „револуционери“ со висок коефициент на интелигенција
– Иако сè уште не е формиран, одделот задолжен за намалување на трошоците на Владата на Соединетите Американски Држави, на чело со технолошкиот …
ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Намалена видливост поради магла на планинските превои Стража, Маврово, Плетвар и Ѓавато
Намалена видливост од 80 метри поради појава на магла има на планинските превои Стража, Маврово и на Плетвар, а на Ѓавато до 100 …

Арнал создал успешна „равенка“, која вклучувала фактори како што се времето, потрошувачката, платата, времето поминато од Божиќ, новогодишните одлуки и нискитото ниво на мотивација.

Отткогаш, секој трет понеделник во месец јануари се смета за „најдепресивниот ден во годината“ и се користи во различни маркетинг стратегии.

Многу светски компании слоганот „син понеделник“ го користат со цел да ја зголемат својата продажба преку давање на разни ваучери и попусти кои на купувачите им изгледаат интересни и примамливи.

Иако ова не се заснова на научни факти, сепак, многумина чувствуваат емоционални тешкотии и предизвици кога температурите сè уште се ниски, деновите куси, а празниците се зад нас.

Според експертите во овој период од годината добро е да се зголеми физичката активност, да се постават реални цели, да се внимава на исхраната и да се следат само позитивните мисли и чувства.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.