Денес е Препразненство на Крстовден

Денеска е Св.свештеномаченик Корнилиј (Препразненство на Крстовден).
Тој беше Римјанин и римски офицер во Кесарија Палестинска. Беше прв од незнабожците кои и пристапија на Божјата црква. Откако се крсти Корнилиј остави се и тргна по апостолот Петар.
Овој апостол подоцна го постави за епископ и го испрати во незнабожечкиот град Скипсеосис, каде што Свети Корнилиј претрпе многу бесчестења и мачења заради Христа, но со сила Божја го урна храмот на Аполон и го крсти кнезот на тој град, Димитриј.


Откако беше известен од Бога за денот на својата смрт, тој ги повика сите христијани, ги посоветува, се помоли на Бога за нив и мирно се претстави кај Господ во својата чесна старост.
Со време го заборавија неговиот гроб и стана запуштен. Но, светителот му се јави на Троадскиот епископ Силуан и му јави за својот гроб, со заповед таму да се подигне црква. Епископот го изврши тоа со помош на богатиот граѓанин Евгениј.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.