Денес е Свети Василиј Острошки – чудотворец, исцелува од најтешките болести

Денеска е Свети Василиј Острошки: Ако сте болни овој светец денеска ќе ви помогне

Свети Василиј Острошки е родум од Попово Село во Херцеговина, од родители прости но благочестиви. Од малечок беше исполнет со љубов кон Божјата Црква, а кога порасна отиде во требињскиот манастир на Успение на Пресвета Богородица и прими монашки чин. Набрзо се прочу со својот сериозен и редок подвижнички живот, зашто себеси си налагаше подвиг врз подвиг, сѐ потежок и потежок. Подоцна го посветија за епископ Захумски и скендериски, наспроти неговата волја. Како архиереј прво живееше во манастирот Тврдош и оттаму како добар пастир го утврдуваше своето стадо во православната вера, чувајќи го од турската свирепост и од латинското лукавство. А кога непријателите многу го притеснија, а Турците го разорија Тврдош, се пресели во Острог, каде што тврдо се подвизуваше, оградувајќи го своето стадо со непрестајни молитви. Се упокои мирно во Господ во 16 век. Неговите мошти останааа цели и целебни, нераспадливи и чудотворни до денешен ден. Чудата на гробот на Св. Василиј се безбројни. Кон неговите мошти притекнуваат и христијаните и муслиманите и наоѓаат исцеленија во најтешките маки и болести. Секоја година на Педесетница во Острог станува голем народен собир.
Острошкиот манастир во Црна Гора го посетуваат верници од сите религии и поклонувајќи се пред неговите мошти многумина успеале да се излекуваат.
Многу верници од долниот до горниот манастир одат пеш, односно одат боси низ шумската патека, која е со камења и земја и на тој начин прават подвиг за да ја добијат милоста на светецот.
Многумина веруваат дека ако се заколнат на Свети Василиј дека ќе одат на Духовден во острошкиот манастир, нивната болест или болеста на нивните блиски ќе исчезнат „како со рака однесени“.
Ако решите да побарате помош од овој светец, од утре треба да почнете со строг пост кој ќе трае се до Св. Троица или до Духовден кога треба да одите во Острошкиот манастир и таму да се причестите.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK