Денес затворени за сообраќај дел од улиците „Бихаќка“ и „Црниче“

Поради асфалтирање на дел од улиците „Бихаќка“ и „Црниче“, на потегот од улицата „Фредерик Шопен“ до подвозникот, овој дел од улицата денеска ќе биде затворен. Сообраќајот ќе биде пренасочен по околната улична мрежа.
Град Скопје информира дека посочената делница ќе биде затворена за сообраќај 24 часа.
Градските власти апелираат до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.