Денес и утре на мостот „Гоце Делчев“ привремен сообраќен режим

На мостот „Гоце Делчев“ денес и утре заради изведување комплексни градежни активности ќе биде воведен привремен сообраќен режим.
,,Поради изведување градежни активности за реконструкција на дилатационите фуги на мостот денеска во периодот од 5 часот изутрина до 17 часот попладне ќе биде целосно затворена за сообраќај страната на мостот во правец од ТЦ „Мавровка” кон Влада (исток-запад). В недела поради изведување на истиот градежен зафат на мостот во периодот од 5 часот изутрина до 17 часот попладне, ќе биде целосно затворена за сообраќај страната на мостот во правец од Влада кон ТЦ „Мавровка” (запад- исток), стои во соопштението од Град Скопје.
Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времено поставениот режим на сообраќај. Ги замолуваат сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.
Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје” соопшти дека викендов, од 5 до 17 часот, поради градежни зафати на мостот „Гоце Делчев” ќе биде воведен привремен сообраќаен режим. Автобусите од јавниот превоз што сообраќаат во тој дел ќе бидат пренасочени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.