Денес и утре сончево, во сабота слаб локален дожд

Денес времето ќе биде сончево со значителен пораст на дневната температура. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од – 2 до 2 степени, а дневната од 7 до 15 степени Целзиусови.
И во Скопје ќе биде сончево со значителен пораст на дневната температура. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе достигне до 0 степени, а дневната до 13 степени.
Во петок ќе биде претежно сончево со значителен пораст на дневната температура. Во поголем дел од земјава максималните температури ќе се движат помеѓу 15 и 20 степени. Повторно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд се очекува во сабота.

Пронајдете не на следниве мрежи: