Денес и утре сончево, од сабота промена на времето

Времето во земјава денес и во петок ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, и услови за изолирана појава на град. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 4 до 10 степени, а дневната од 14 до 25 степени Целзиусови.
И во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе достигне до 8 степени, а дневната до 25 степени.
До сабота следува период на топло време со значителен пораст на температурата на воздухот. Претпладне ќе биде сончево, а во попладневните и вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме и ќе има појава на град и засилен ветер. Особено поинтензивни процеси на повеќе места ќе има во сабота.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.