Регулаторната комисија за енергетика денес одлучи малопродажните цени на бензините од ноќеска на полноќ да се намалуваат за 1,50, а на дизел горивата за 2,50 денари по литар. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 61,50 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 63,50 денари, исто така за литар. Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 58,50, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 47,00 денари. Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 1,789 денари и ќе чини 30,037 денари за еден килограм.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.