Денес облачно и студено, од утре температурите во пораст

Во Македонија денес ќе дува повремено засилен северен ветер и ќе има зголемена облачност. Во северните делови на земјава ќе има појава на слаб локален дожд на пониските места, а на планините локално ќе провејува слаб снег.
Во четврток и петок ќе биде сончево со значителен пораст на дневната температура. Во петок во поголемиот дел од земјава максималните температури ќе се движат помеѓу 15 и 20 степени.
Во сабота се очекува повторно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд.

Пронајдете не на следниве мрежи: