Денес пеколно жешко време, најави УХМР

Денес времето во земјава ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде помеѓу 14 и 24, а максималната ќе достигне од 31 до 40 степени Целзиусови. УВ индексот ќе биде многу висок и ќе изнесува 9.
И во Скопје и околината ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе достигне до 20, а дневната до 37 степени.
Утре, сабота ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе има и услови за изолирана појава на невреме, особено во северните и источните делови. За време на викендот ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, што ќе услови од недела да има благ пад на температурите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.