За денес попладне и утре метеоролозите најавуваат нестабилно време со повремени врнежи од дожд. На места тие ќе надминат и 20 литри на метар квадратен. Под влијание на влажен бран од Медитеранот, времето денес попладне и утре ќе биде претежно облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни (над 20 литри на квадратен метар), проследени со грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град, информираат од УХМР.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.