среда, 25 ноември 2026
Најново

Денес последен ден за потврда или корекција на податоците во Годишната даночна пријава

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Истекува рокот за увид во претпополнетата Годишна даночна пријава за 2018 година што значи дека даночните обврзници кои се регистрирани на системот е-Персонaлен данок имаат можност уште денеска преку своите кориснички профили да ги потврдат или корегираат податоците во даночната пријава.
По истекот на овој рок, даночните пријави ќе добијат статус на конечни пријави согласно последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана. Утре службено ќе бидат потврдени и годишните даночни пријави кои од страна на граѓаните не се ниту потврдени, ниту корегирани.
Годишната даночна пријава којашто граѓанинот ја корeгирал, а добила статус на конечна даночна пријава, ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи, а доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава, ќе биде донесено решение за утврдување на персоналниот данок на доход за 2018 година.
– Пресметаната разлика за доплата по Годишната даночна пријава и платените аконтации во 2018 година, даночните обврзници имаат обрска да ја платат најдоцна до 30.06.2019. Согласно законските одредби УЈП нема да носи решение за 2018 година за пресметаниот годишен персонален данок од доход – појаснуваат од УЈП.

Поврзани вести