Денес почнува со работа фабриката „Баумер“ во ТИРЗ Скопје 1

Швајцарската компанија „Баумер“ денеска во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 ќе ја отвори својата фабрика.
На настанот, како што соопшти владината прес-служба, ќе се обратат премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Александар Младеновски.
Договорот со оваа странска компанија беше потпишан во декември лани. Тогаш беше најавено дека инвестицијата ќе се реализира во три фази и оти компанијата ќе вложи девет милиони евра и ќе се отворат околу 300 работни места.
„Баумер“ е семејна меѓународна компанија која произведува напредна сензорска технологија, индуктивни и процесни сензори, кабли и други полуфабриканти од областа на електрониката. Има 38 подружници во 19 држави и вкупно 2.700 вработени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.