Денес православните верници го слават Богојавление или Водици

Православните верници денеска го слават еден од најголемите и најубави празници Богојавление или Водици. На денешен ден во водите на реката Јордан свети Јован го крштавал Исус Христос и од тогаш се нарекува Крстител. Поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден празникот се нарекува уште и Водици.
Традиционално, во реките се положуваат крстови, а оној што ќе го фати Светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со спуштањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити.
Во Скопје централната манифестација ќе се одржи на пладне кога архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе го спушти крстот во Вардар од мостот кај хотелот „Холидеј Ин“.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: