Времето во земјава денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер. Во западните делови ветерот ќе биде до засилен и тоа од западен правец.
Минималната температура ќе се движи од – 2 до плус 6 степени, а максималната од 11 до 21 степен Целзиусов.
И во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, и слаб ветер од западен правец. Утринската температура ќе се движи околку нулата, а дневната се очекува да достигне до 19-от степен.
И во наредните денови не очекува период на стабилно и суво време. Минималните температури ќе бидат над нулата, а од недела се очекува дневните да го надминат 20-тиот степен.