Во Македонија денес претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Во текот на попладнето, претежно во северните и западните делови, ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи помеѓу 10 до 19, а дневната помеѓу 25 до 37 степени Целзиусови.
И во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе достигне до 17, а дневната до 32 степена.