Денес променливо облачно и ветровито, со дожд попладне

Денес времето ќе биде променливо облачно и ветровито, со повеќе сончеви периоди претпладне. Попладне ќе има локални врнежи од дожд кои во западните подрачја ќе имаат пороен карактер и на места ќе бидат проследени со грмотевици. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, па поради транспорт на прав од Африка можна е локална појава на обоен дожд. Максималната температура ќе достигне од 19 до 24 степени.
И во Скопје променливо облачно, претпладне со сончеви периоди. Попладне ќе има локален дожд и ќе дува умерен, околу пладне повремено засилен јужен ветер. Температурата ќе го достигне 23-тиот степен.
Од утре следува период на умерено облачно и топло време со температури кои и понатаму ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.