Денес во Македонија времето ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од -4 до 4, а дневната од 2 до максимални 9 степени Целзиусови.
И во Скопје, слично време, претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Утринската температура ќе се спушти до 2, а дневната ќе достигне до 8 степени.
Од утре, а особено за време на викендот ќе преовладува претежно сончево со пораст на температурите.