Во Македонија времето денес ќе биде променливо облачно и посвежо со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од – 4 до 4 степени, а дневната ќе биде во интервал од 5 до 15 степени Целзиусови.
И во Скопје ќе биде променливо облачно, а температурата ќе достигне до 13-тиот степен.
Од понеделник повторно ќе преовладува стабилно и потопло време со претежно југозападен ветер. Од вторник на југоистокот на земјава температурата ќе надминува 20 степени.