Денес променливо облачно, од утре температурите во пораст

Во Македонија времето денес ќе биде променливо облачно и посвежо со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од – 4 до 4 степени, а дневната ќе биде во интервал од 5 до 15 степени Целзиусови.
И во Скопје ќе биде променливо облачно, а температурата ќе достигне до 13-тиот степен.
Од понеделник повторно ќе преовладува стабилно и потопло време со претежно југозападен ветер. Од вторник на југоистокот на земјава температурата ќе надминува 20 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.