Во Македонија денес времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд проследени со грмежи и засилен ветер, особено во северните и источните делови. Утринската температура ќе се движи од 4 до 9, а дневната од 10 до 21 степен Целзиусов.
И во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу 8, а дневната ќе достигне до 20 степени.