Во земјава денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер претежно од западен правец. Утринската температура ќе се движи од 6 до 16, а дневната од 15 до 26 степени Целзиусови.
И во Скопје и околината слично време, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе биде околу 12, а дневната ќе достигне до 22 степена.