Променливо облачно со сончеви периоди и претежно тивко време се очекува во првата половина од денот. Во попладневните часови ќе почне да дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Наместа се очекува ветерот да достигнува брзина до околу 60 км/час. Максималната температура ќе се движи од 16 до 21 степен.
Во Скопје, претпладне магливо, попладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.
Во наредните денови под влијание на студена воздушна маса од север следува период на променливо облачно и постудено време со услови за локален дожд, а на повисоките места и на планините ќе има услови за локален снег.