По барање на премиерот на Грција, Алексис Ципрас денес во 12 часот по локално време, во грчкиот Парламент ќе започне седницата за обновување на довербата на Владата, а ќе заврши утревечер со гласање доверба, јави дописничката на МИА од Атина.
Предвидено е расправата, со говор, да ја отвори и да ја затвори грчкиот премиер, а обраќања ќе имаат и лидерите на политичките партии. Според досегашната пракса со гласањата во грчкиот Парламент утревечер, веројатно околу полноќ, пратениците ќе треба да одлучат дали ќе и дадат или не доверба на Владата.
Пронајдете не на следниве мрежи: