Денес се одбележува Меѓународниот ден на Ромите

Денес во Собранието со настан насловен “Предизвиците и перспективите на Ромите во Република Северна Македонија“ во организација на здружението на граѓани „Ромаверзитас“ ќе се одбележи Меѓународниот ден на Ромите, 8 април.
На првиот конгрес на Роми одржан во Лондон во 1971 година, ромскиот јазик е прогласен за официјален јазик на Ромите во светот.
Официјално Меѓународниот ден на ромите е прогласен во 1990 година на светскиот конгрес на меѓународната унија за Ромите во Полска. Претставници на Роми од 14 држави донесоа одлуки за знамето, химната, за прогласување на ромскиот јазик и за воведување на терминот Ром.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: