петок, 27 ноември 2026
Најново

Денес се одбележува 23 октомври – Денот на Македонската револуционерна војна

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Денес, 23 октомври се слави како Ден на Македонската револуционерна војна. На овој ден во 1893 година, во Солун е основана Внатрешната Македонска револуционерна организација (ВМРО), со цел постигнување автономија за Македонија преку револуционерна војна.Врвот на активностите на ВМРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија.Темелите на Организацијата се поставени на 5 ноември 1893 година (23 октомври – според стариот календар) во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун. На основачкото собрание присуствувале: д-р Христо Татарчев – лекар, роден во Ресен, Даме Груев – учител, роден во село Смилево – Манастирска околија, Петар Поп Арсов – учител, роден во село Богомила – Велешка околија, Иван Хаџи Николов – книжар во Солун, роден во Кукуш, Антон Димитров – учител, роден во село Ајватово – Солунска околија и Христо Батанџиев – учител, роден во село Гуменџа, Ениџе, Повардарска околија.

Поврзани вести