Денес сончево и многу топло, од недела попладне дестабилизација

Времето во земјава денес ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се движи од 11 до 20, а максималната од 31 до 39 степени Целзиусови. УВ индексот ќе достигне вредност 8.
И во Скопје и околината, сончево и топло со слаб североисточен ветер. Температурата ќе достигне до 37 степени, а УВ индексот ќе биде 8.
Стабилното и топло време ќе се задржи до недела. Зголемување на облачноста ќе има во петок и сабота ,а од недела попладне и во наредните денови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.