Денес сончево и многу топло

Во земјава времето денес ќе биде сончево и малку потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 19 степени, а максималната од 31 до 38 степени Целзиусови. УВ индексот ќе има вредност 8.
И во Скопје и околината времето денес ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе достигне до 16 степени, а дневната до 36 степени.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека продолжува периодот на стабилно и топло време. Зголемување на облачноста ќе има од петок. Во недела и понеделник претежно во северните делови ќе има услови за појава на краткотарен пороен дожд и појава на грмежи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.