Денес сончево и топло со температура до 30 степени

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево и топло време со свежо утро и магла по одделни котлини. Минималната температура ќе се спушти меѓу 3 и 13 степени, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени Целзиусови.
И во Скопје и колината во утринските часови ќе има услови за слаба магла, а преку ден ќе биде сончево и топло. Утринската температура ќе достигне до 9 степен, а дневната до 28 степени.
Периодот на сончево време со натпросечни дневни температури продолжува и во следниот период. Ќе има услови за појава на утринска магла по котлините, а постепено ќе опаѓаат и утринските температури.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.