Денес сончево и топло со температура до 29 степени

Денес времето во земјава ќе биде сончево и топло со слаб ветер од северен правец. Максималните дневни температури се очекува да бидат во Скопје 26 степени, во Маврово и Охрид 22, Битола 26, Кавадарци 27, Крива Паланка 25, Берово 24, Дојран 29 степени Целзиусови.
И во Скопје и околината ќе биде сончево и топло со слаб ветер од северен правец и температура до 26 степени.
Уште утре и задутре ќе имаме сончево и топло време со температури од 20 до 27 степени, а од среда ќе имаме посвежо време, со мала до умерена облачност, а во текот на ноќта се очекува локален дожд.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.