Денес сончево, од утре попладне драстична промена

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и со слаб југозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус 6 до 0, а дневната од 5 до 16 степени.
И во Скопје слично време, сончево со мала облачност и со слаб југозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус 3, а дневната ќе достигне до 12 степени.
Во понеделник во текот на денот ќе дува засилен јужен ветер кој во западните делови ќе достигнува брзина од 80 км/ч. Во попладневните часови облачноста ќе се зголеми и од запад ќе започнат врнежи од дожд кои преку ноќта ќе се прошират насекаде и ќе бидат пообилни, а во западните делови ќе преминуваат во снег. Од вторник следува период на променливо облачно време со засилен северен ветер и со слаби локални врнежи од снег. Снежната покривка на планините ќе се зголеми, а до крајот на неделата мала снежна покривка ќе се формира и на некои пониски места.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.