Денес сончево со локална облачност, од сабота повторно дожд

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, и ќе дува слаб ветер од променлив правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Дневните температури ќе се движат од 25 до 35 степени Целзиусови, а УВ индексот ќе изнесува 8. Ваквото претежно сончево и топло време ќе се задржи до сабота претпладне. Кон крајот на денот и во наредните денови во попладневните часови ќе има нестабилна облачност, на места со пороен дожд и грмежи.

Пронајдете не на следниве мрежи: