Во Македонија времето денес ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи помеѓу 10 и 17, а дневната помеѓу 23 и 30 степени Целзиусови. УВ-индексот ќе изнесува 8.
И во Скопје и околината слично време, сончево со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 27 степени.
Ваквото стабилно и посвежо време со умерен северен ветер ќе се задржи до сабота. Во недела се очекува нов влажен бран со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни.